ЛАЖНИ СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО СИТЕ 15 ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ

    ЛАЖНИ СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО СИТЕ 15 ШКОЛИ ВО СКОПЈЕЗаканите за поставени бомби почнаа минатиот месец. (Фото: СДК.МК)

    Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека се завршени сите потребни проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

    Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.

    Заканите за поставени бомби почнаа минатиот месец, а оваа недела покрај во школите закани беа испратени и во трговски центри, Полициска станица Центар, Народна банка, Железничката станица во Скопје.

    Премиерот Димитар Ковачевски вчера кажа дека станува збор за хибридни напади врз државата со цел да се дестабилизираат државата но и целиот регион бидејќи вакви случаи се регистрирани и во соседните држави.

    Овие хибридни напади се поради геостратешки цели или локални. Особено зачестија по почетокот на воениот судир во Украина. На ваков тип напади масовно се исложени и соседните држави Србија и Црна Гора, но ги има и во Нов Зеланд САД, Канада и Германија, рече Ковачевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира