ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 Е ЗАВРШЕНА, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ

    ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 Е ЗАВРШЕНА, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИУспешната вакцинација во Европа најмногу придонесла за крај на пандемијата (Фото: СДК.МК)

    Пандемијата на коронавирусот може да се смета за завршена, а ковид-19 сега е ендемска болест, заклучи водечкиот германски вирусолог Кристијан Дростен. Во исто време, министерот за правда Марко Бушман повика на укинување и на последните ковид мерки.

    „Поминуваме низ првиот ендемски бран на коронавирусот оваа зима. Според моите проценки, пандемијата е завршена. По оваа зима, имунитетот на населението ќе биде толку широк и еластичен, што вирусот ќе има мали шанси во лето“, изјави Дростен, шефот на одделот за вирусологија на универзитетската болница Шарите во Берлин.

    И д-р Кристијан Карајанидис, кој исто така е член на советот на експерти за ковид-19, смета дека пандемијата би требала да биде завршена по оваа зима.

    „Иако еден-два помали брана на ковид-19 и натаму се можни, имунитетот на населението е солиден и има значително помалку ковид пациенти на интензивна нега“, вели Карајанидис.

    Дростен смета дека успешната вакцинација во Германија и другите европски земји е причината за крај на пандемијата, што не е случај во Кина, каде што моментално има големо ширење на вирусот.

    Германија веќе укина најголем дел од коронамерките, но останува обврската за носење маска во јавниот превоз и здравствените установи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира