Синоќа околу 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле А. Т.(48), А. Т.(26) и М. Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Советот на Општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив, соопштија од полицијата.
Дел од советниците во ресторанот биле на предновогодишна дружба по напорната седница вчера за Буџетот на Општина Битола.
Според СВР, приведените исто така се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ж. ЗДРАВКОВСКА