РЕСТАВРИРАНА ВИЛА ВО ПОМПЕЈА ГО ПРЕСЛИКУВА ЖИВОТНИОТ СТИЛ НА РАЗУРНАТИОТ ДРЕВЕН ГРАД

    РЕСТАВРИРАНА ВИЛА ВО ПОМПЕЈА ГО ПРЕСЛИКУВА ЖИВОТНИОТ СТИЛ НА РАЗУРНАТИОТ ДРЕВЕН ГРАД„Куќата на Вети“ важи за една од најпознатите вили во археолошкиот парк во Помпеја. (Фото: АП)

    По 20-годишна реставрација, деновиве во Помпеја беше отворена Куќата на Вети, која им припаѓала на двајца поранешни робови кои се збогатиле преку трговија со вино. Куќата ќе им понуди на посетителите извонреден поглед за тоа како се живееле во овој староримски град.

    Нов сјај добија фреските кога тогаш биле насликани по најмодерен стил, пред градот кој бил во зенитот на Римското Царство да биде затрупан од ерупцијата на Везув во 79. година н.  е.

    Реставрацијата на фреските, подовите и столбовите траеше 20 години. (Фото: АП)

    Откривањето на обновениот дом е уште еден знак за повторното раѓање на Помпеја, што следеше по децениското модерно бирократско запоставување, поплави и ограбувањa од крадци во потрага по артефакти за продажба.

    „’Куќата на Вети’ е всушност како на едно место да се споени историјата на Помпеја и староримското општество“, изјави Габриел Зухтригел, инженерот на археолошкиот парк.

    Куѓата им припаѓала на двајца поранешни робови кои се збогатиле преку трговија со вино. (Фото: АП)

    „Ја гледаме последната фаза од украсувањето на ѕидовите во тоа време во Помпеја, кое плени со неверојатни детали. Можете со часови и часови да стоите пред овие ѕидови и да откривате нови детали. Ова е спој на природа, архитектура, уметност. Но, исто така, е и приказна за животот во Помпеја и за староримскиот свет во оваа фаза од историјата“, додаде тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира