ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ПО КОМПЛИКАЦИИ ОД ГРИП ОВАА СЕЗОНА, ЛИЦАТА БИЛЕ СО КОМОРБИДИТЕТИ И НЕВАКЦИНИРАНИ

    ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ПО КОМПЛИКАЦИИ ОД ГРИП ОВАА СЕЗОНА, ЛИЦАТА БИЛЕ СО КОМОРБИДИТЕТИ И НЕВАКЦИНИРАНИИнститутот за јавно здравје (ИЈЗ) алармира дека воздухот е со лош квалитет и граѓаните ако немаат потреба да излегуваат, да седат дома. (Фото: К. Попов)

    Од 2 до 8 јануари е пријавен 821 заболен од грип, 2,4 пати повеќе во споредба со претходната недела, кога имало 347, стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со првата недела од минатата сезона (470) е зголемен за 74,7%, а во споредба со бројот за 1-ва недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 12 сезони) (652), зголемен е за 25,9%.

    Во однос на возрасната дистрибуција, 360 лица се на возраст од 15-64 години, 234 кај деца на возраст од 5-14 години, 175 кај деца на возраст од 0-4 години и 52 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (181,3/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

    Заболените се пријавени од деветнаесет ЦЈЗ/ПЕ, во Битола – 174, Скопје – 105, Кавадарци – 94, Дебар – 76 и Гостивар – 65, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 60.

    Во текот на 1-вата недела од 2023, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Скопје кој бил хоспитализирани во Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларно и белодробно) и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Инфлуенза А/Х3.

    Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се три починати лица асоцирани со грип, две лица од Скопје и едно лице од Штип. Две лица се од возрасната група од 15-64 години, а едно лице на возраст над 65 години, со регистрирани коморбидитети, хоспитализирани и невакцинирани со вакцина против сезонски грип.

    Во сезоната 2022/2023 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 1.751.

    Во споредба со истиот период од минатата сезона (2.183), бројот на пријавени случаи е намален за 19,8%, а во однос на моделот од последните 12 сезони (1.791) се регистрира намалување од 2,2%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира