Германската полиција продолжува да го расчистува од демонстранти рударското село Луцерат, но протестите веројатно само ќе се засилуваат, а најавено е присуство на шведската климатска активистка Грета Тунберг на денешниот голем протест против рушењето на селото за да се направи простор за копање јаглен.
Во меѓувреме, работници продолжија да ги рушат преостанатите објекти, вклучувајќи го и домот на последниот земјоделец во селото. Досега се отстранети 470 демонстранти, од кои 370 си заминале доброволно, вели полицијата. Четворица од нив се повредени додека им давале отпор на полицајците.
Луцерат привлече илјадници климатски активисти кои се противат на употребата на јаглен во Германија. Енергетската компанија РВЕ сака на локацијата да почне подземно ископување јаглен. Владата вели дека подземното ископување јаглен е неопходно за да се осигура енергетската безбедност на земјата, но активистите сметаат дека јагленот од отворениот рудник е доволен.
Полицијата денеска очекува 8.000 демонстранти, вклучувајќи ја и Тунберг, на протест во соседното село Кајенберг.