Аугсбург го ангажираше хрватскиот лев бек Давид Колина од сплитски Хајдук, соопшти во тимот од Бундес лигата. 22-годишниот дефанзивец потпиша договор до јуни 2027 година.
„Аугсбург е одлична можност за мене. Преку многу добри разговори со одговорните во клубот, јас сум сигурен дека ова е вистинскиот чекор во мојата кариера“, рече Колина.
Управниот директор Стефан Ројтер додаде: „Тимот ќе има корист не само од неговата флексибилност, туку и од неговата динамичност и посветеност“.
Колина е вториот хрватски млад фудбалер кој оваа недела се приклучи на Аугсбург. Во петокот клубот го објави потписот со напаѓачот Дион Бељо.