25-ГОДИШЕН РОДНИНА ЈА УБИЛ ЗА ПАРИ 83-ГОДИШНАТА СТРУМИЧАНКА, ПРИЗНАЛ ВО МВР

    25-ГОДИШЕН РОДНИНА ЈА УБИЛ ЗА ПАРИ 83-ГОДИШНАТА СТРУМИЧАНКА, ПРИЗНАЛ ВО МВРОсомничениот бил роднина на починатата, а ја убил откако бил кај неа дома и побарал, а не добил пари.

    Дваесетипетгодишен струмичанец е приведен како осомничен дека ја убил на 83-годишната жена во петокот попладне, соопшти МВР. Осомничениот бил роднина на починатата, а ја убил откако бил кај неа и побарал, а не добил пари.

    „Лицето П. И. (25) се сомничи дека на 20 јануари, откако побарал и не добил пари од М. Б. (83) од Струмица со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од добиените повреди таа починала. Потоа, лицето П. И. одзел пари и предмети од домот на жената од кои дел биле пронајдени при претресот извршен по наредба на ОЈО Струмица“, соопшти полицијата.

    Во соопштението на МВР се вели дека П. И. при службен разговор го признал делото. Струмичанецот кој доби кривична пријава е изведен пред Основен суд Струмица и е побарана мерка притвор.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира