Машката ракометна репрезентација ја победи Јужна Кореја со 36:33 и го освои 27. место на Светското првенство во Шведска и Полска. Без разлика на резултатот од овој меч, ова е најслабиот пласман на Македонија на досегашните осум учества на мундијалите.
Во услови кога беше заокружена смената на генерациите, па репрезентацијата дојде на СП со значително подмладен состав, Македонија забележа три убедливи порази во првата фаза, а во таканаречениот Претседателски куп ги совлада Алжир и Мароко.
Крајниот скор е три победи и четири порази. Пред две години во Египет, Македонија беше на 23. место.