Две лица се убиени со нож откако маж нападна патници во воз во северна Германија.
Министерката за внатрешни работи на покраината Шлесвиг-Холштајн, Сабине Зитерлин-Вак, изјави дека нападот се случил пред возот да пристигне на железничката станица во Брокштед. Возот патувал на релацијата Кил-Хамбург.
Мотивот на нападот во кој се повредени уште пет лица не е познат. Напаѓачот е уапсен.
Брокштед е мала заедница што се наоѓа 60 километри северно од Хамбург.