13-ГОДИШЕН НАПАЃАЧ РАНИ ДВЕ ЛИЦА ВО ЕРУСАЛИМ, ДЕН ПО НАПАДОТ ВО КОЈ БЕА УБИЕНИ СЕДУММИНА

    13-ГОДИШЕН НАПАЃАЧ РАНИ ДВЕ ЛИЦА ВО ЕРУСАЛИМ, ДЕН ПО НАПАДОТ ВО КОЈ БЕА УБИЕНИ СЕДУММИНАНикој не ја презеде одговорноста за последните напади (Фото: АП)

    Израелската полиција објави дека уапсила 42 луѓе во врска со вчерашното пукање пред синагога во Источен Ерусалим, кога беа убиени седум луѓе. Тоа е најсмртоносниот напад од таков вид во Израел во последните 15 години.

    Полицијата кажа дека две лица се ранети во друг „терористички напад“, што се случи утрово надвор од Стариот Град, додавајќи дека 13-годишниот напаѓач е ранет и префрлен во болница.

    Локалните медиуми кажаа дека вчерашниот напад го извел 21-годишен Палестинец од Источен Ерусалим, кој потоа беше убиен. Палестинците од Западниот Брег и Појасот Газа и палестинските милитантни групи го слават нападот, но ниедна од нив не ја презеде одговорноста.

    Пукањето се случи на Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот и ден откако израелската војска упадна во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, при што загинаа деветмина Палестинци, меѓу кои и цивили. Портпаролот на војската кажа дека го засилуваат своето присуство на Западниот Брег.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира