СТОТИНА КОЛИ ПАРКИРАНИ ВО ПАРКОТ ИБНИ ПАЈКО, СЕ ПАРКИРААТ ГРАЃАНИ, НО И ВРАБОТЕНИ ВО ФИЛХАРМОНИЈА И НОБ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    СТОТИНА КОЛИ ПАРКИРАНИ ВО ПАРКОТ ИБНИ ПАЈКО, СЕ ПАРКИРААТ ГРАЃАНИ, НО И ВРАБОТЕНИ ВО ФИЛХАРМОНИЈА И НОБ (ФОТОГАЛЕРИЈА)Во паркот не само што се паркираат граѓани туку колите ги оставаат и дел од вработените од Филхармонија и Националната опера и балет (НОБ). (Фото: К. Попов)

    Паркот Ибни Пајко кај зградата на Филхармонија во центарот на Скопје е блокиран со паркирани коли. Долж патеката и тротоарите наредени се една зад друга над педесетина коли.

    Во паркот не само што се паркираат граѓани, туку колите ги оставаат и дел од вработените од Филхармонија и Национална опера и балет (НОБ). Попладнево во НОБ се одржува генерална проба за балетската претстава „Оревокршачка“.

    Попладнево во НОБ се одржува генерална проба за балетската претстава „Оревокршачка“. (Фото: К. Попов)

    Колите слободно влегуваат во паркот бидејќи хидраучичните столпчиња се искрешни. И кога ќе се заменат, за два-три дена повторно се вадат и пак коли слободно си влегуваат во паркот. Пајак службата интервенира откако ќе се објават фотографии во медиумите, ќе спроведат акција, но за неколку дена сликата е иста, просторот повеќе личи на паркинг отколку на парк.

    Столпчиња на влезот во паркот нема оти веднаш се кршат. (Фото: К. Попов)

    Од Филхармонија велат дека тие имаат свој паркинг во зградата и дека вработените паркираат во него, но денеска имале проблем со системот и не можеле да го користат паркингот.

    „Имавме проблем со системот за паркирање, не по наша вина туку поради спор меѓу фирмата и Агенцијата за стопанисување со имот. Ова не е реална слика“. велат од Филхармонија.

    Од Град Скопје во април лани, откако САКАМДАКАЖАМ.МК објави фотографии од паркирани коли, најавија трајно решавање на проблемот со поставување нови рампи оти постојните се уништени. Но, проблемот не е решен.

    Град Скопје на 10 јуни 2019 го отвори новиот парк Ибни Пајко. Паркот е со површина од околу 11.000 квадратни метри, со 7. 500 метри квадратни трева со прскалки и системи за наводнување кои работат на принципот „капка по капка“. При уредувањето на овој запуштен простор се зачувани затекнатите 12 дрвја кои постоеја на оваа локација, а засадени се нови 85 дрвја. Покрај подигнатото зеленило, во паркот се изградени и пешачки патеки, сервисна улица збогатена со улична уметност, а на ѕидот на Средното музичко училиште нацртан е мурал.

    Паркот Ибни Пајко беше направен во 2019. (Фото: К. Попов)

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира