ПРИВЕДЕНИ ТРОЈЦА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ НА ДЕВЕ БАИР ПРОБАЛЕ ДА НАПАДНАТ ПОЛИЦАЈЦИ

    ПРИВЕДЕНИ ТРОЈЦА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ НА ДЕВЕ БАИР ПРОБАЛЕ ДА НАПАДНАТ ПОЛИЦАЈЦИБугарите прво погрдно викале, па се обиделе да ги нападнат полицајците. (Фото: Архивска фотографија)

    На граничниот премин Деве Баир се приведени тројца бугарски државјани кои се обиделе физички да нападнат полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „Околу 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г. З. (35), А. Х. (50)и Р. Х. (54), бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

    Претпладнето повеќе од два часа беше паднат системот на сите гранични премини во земјава, поради што не се пропуштаа возила. Меѓу блокираните беа и 100-150 бугарски граѓани, кои заедно со бугарската делегација на чело со министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев ќе дојдат во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

    Поради тезиите со Бугарија, денешното одбележување беше прогласено за настан од висок безбедносен ризик.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира