Турција вчера ја погоди најсилниот земјотрес во изминатите 84 години, кој предизвика катастрофални последици и во соседната Сирија. Во Турција настрадаа десет провинции во југоисточниот дел на земјата, а земјотресот со јачина од 7,8 степени остави трага на уништување долга 330 километри, што се протега низ двете држави.
Турската агенција за итни случаи соопшти дека се уништени 5.775 згради, а на некои места, цели населби се срамнети со земја.
Бројот на загинати се ближи кон 5.000.