ВОЗАЧОТ НА КАМИОНОТ ВО БЕРЛИН БИЛ КИДНАПИРАН, ДВАНАЕСЕТ ЗАГИНАТИ НА БОЖИКНИОТ ПАЗАР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Берлин,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВОЗАЧОТ НА КАМИОНОТ ВО БЕРЛИН БИЛ КИДНАПИРАН, ДВАНАЕСЕТ ЗАГИНАТИ НА БОЖИКНИОТ ПАЗАР

    СПЕЦИЈАЛНО ОД БЕРЛИН ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК – СИЛВЕРА ПАДОРИ КЛЕНКЕ
    Дванаесет загинати и 48 повредени, од кои повеќемина тешко е утринскиот црн биланс на синоќешниот настан во центарот на Берлин кога камионот со шлепер околу 20 часот неконтролирано го „збриша„ делот од божиќниот пазар во срцето на престолнината.
    Повредените се пренесени во берлинските болници. За сега нема информации за идентитетот на загинатите и повредените. Не се знае ни дали меѓу нив има и македонски државјани.
    Просторот меѓу најпопуларната црква во Берлин Геденкнис кирхе (Кајзер Вилхелм) и „Европа центарот“ четири дена пред Божиќ беше преполна од берлинчани, но и туристи кои по пазарењето наминаа на чашка жешко вино во традиционалното предбожиќно собиралиште.
    За сега нема информации за идентитетот на загинатите и повредените. Не се знае ни дали меѓу нив има и македонски државјани (Фото: Ројтерс)

    За сега нема информации за идентитетот на загинатите и повредените. Не се знае ни дали меѓу нив има и македонски државјани (Фото: Ројтерс)

    Случката која однесе 12 човечки животи според берлинската полицијата и првиот човек на германското МВР Лотар Демезије се уште не е оквалификувана како терористички напад, иако многу индиции говорат за тоа.  Многу детали се нејасни и непотврдени.
    Берлинската полиција реагираше молскавично. Возачот на камионот кој по настанот беше во бегство е уапсен. Според безбедносен извори тој е Авганистанец или Пакистанец, барател на азил. Тој дошол како бегалец во Германија во февруари.
    Познато е дека станува збор за полски камион чиј сопственик синоќа во едно интервју за германската телевизија АРД потврди дека немал контакт со возачот од вчера на пладне од што се претпоставува дека тој бил кинднапиран. Безживотното тело на еден полски државјанин полицијата пронајде на седиштето до возачкото.
    Возачот на камионот е упасен откако избегал и пеш тргнал кон блискиот парк Тиергартен. Сведок го следел скоро 2 км и пријавил во полиција, која го уапсила близу Споменикот на победата.
    Иако подолго време се стравуваше дека една од идните теротистички цели можно е да биде Берлин, синоќешниот настан потврди дека апсолутна безбедност нема, особено во овие предбожиќни денови кога во Германија има стотици вакви маркети.
    Политичарите повикаа на воздржаност и избегнување на шпекулациите, се до завршувањето на истрагата. За претпладнево е најавена телефонска конференција на министрите за внатрешни работи на покраините, а на пладне ќе се обратат берлинскиот градоначалник Михаел Милер и претставниците на полицијата и јавното обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира