ТУРЦИЈА ЈА ЗАВРШУВА ПОТРАГАТА ПО ПРЕЖИВЕАНИ, ПОСЛЕДНИТЕ БЕА СПАСЕНИ 296 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ

    ТУРЦИЈА ЈА ЗАВРШУВА ПОТРАГАТА ПО ПРЕЖИВЕАНИ, ПОСЛЕДНИТЕ БЕА СПАСЕНИ 296 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТЖена седи покрај две тела извлечени од урнатините во Антакија (Фото: АП)

    Турција објави дека денеска завршуваат спасувачките напори во подрачјата кои пред речиси две недели беа погодени од катастрофалниот земјотрес, кој однесе над 46.000 животи во Турција и Сирија. Двете земји не кажаа уште колку луѓе се водат како исчезнати.

    Потрагата и спасувачките напори ќе завршат вечерва“, изјави Јунус Сезер, шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и итни ситуации.

    Се очекува бројот на загинати да биде значително поголем, бидејќи во земјотресот се уништени 345.000 станови.

    Во еден од последните спасувачки напори, киргистански тим се обиде да спаси петмина членови на едно сириско семејство во турскиот град Антакија. Тројца од нив беа извлечени живи 296 часа по земјотресот. Мајката и таткото преживеаја, но нивниот 12-годишен син подоцна почина од дехидрација.

    Светската здравствена организација процени дека околу 26 милиони луѓе во Турција и Сирија требаат хуманитарна помош. Светската програма за храна кажа дека бунтовничките власти во северозападна Сирија го блокираат пристапот до оваа област.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира