БРИТАНСКИ ФИРМИ СЕ ПРЕФРЛИЛЕ НА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА ПО НАЈГОЛЕМОТО ВАКВО ТЕСТИРАЊЕ НА СВЕТОТ

    БРИТАНСКИ ФИРМИ СЕ ПРЕФРЛИЛЕ НА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА ПО НАЈГОЛЕМОТО ВАКВО ТЕСТИРАЊЕ НА СВЕТОТЗа некои вработени, уште еден слободен ден бил поважен од парите (Фото: Пекселс)

    Најголем дел од десетици британски работодавци кои ја тестирале опцијата за четиридневна работна недела одлучиле да продолжат да работат на овој начин, што беше поздравено од активистите за подобро балансирање помеѓу работа и приватен живот.

    Работниците во 61 компанија во Британија работеле 34 часа низ четири дена во периодот од јуни до декември 2022, додека платата им останала иста. Од нив, 56 компании, односно 92%, решиле да го задржат овој метод на работа.

    Според британската истражувачка организација „Автономија“, ова е најголемото тестирање од ваков тип на светот. Тестирањето опфатило вкупно 2.900 вработени во различни сектори, од фирма за финансии до уличен ресторан. Мнозинството се согласило дека продуктивноста била одржана.

    Вработените рекле дека благосостојбата и рамнотежата помеѓу работата и животот им се подобриле, а мала била веројатноста дека ќе ги напуштат своите работни места како резултат на четиридневната работна недела.

    Задржувањето на работата и регрутирањето беа подобрени, а нивоата на боледување се намалија за време на тестирањето. Вработените завршуваа повеќе работа за помалку време“, изјави Пол Оливер, шефот на компанијата „Citizens Advice Gateshead“.

    За некои вработени, уште еден слободен ден бил поважен од парите: 15% од нив рекле дека за никакви пари не би се вратиле на петдневна работна недела. Некои земале слободен ден во среда, други тридневен викенд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира