ПЛОЧНИКОТ ПРЕД УСТАВЕН СУД ПРЕТВОРЕН ВО ПАРКИНГ

    ПЛОЧНИКОТ ПРЕД УСТАВЕН СУД ПРЕТВОРЕН ВО ПАРКИНГКоли и комбиња слободно си влегуваат на плоштадот Филип Втори и се паркираат пред судот. (Фото: К. Попов)

    Плочникот пред зградата на Уставен суд во центарот на Скопје секој ден е претворен во паркинг. Коли и комбиња слободно си влегуваат на плоштадот Филип Втори и се паркираат пред судот.

    Иако ваквата слика е секојдневие, во центарот на градот никаде нема инспектори на Град Скопје, пајак-служба и сообраќајна полиција за да ги санкционираат непрописно паркираните возила.

    Во Скопје никако да се реши проблемот со непрописно паркирани коли. Слободно се паркира во трета лента на булевари, на улици и тротоари, пред кафулиња, во паркови и пешачки зони. Ексградоначалникот Петре Шилегов во неговиот мандат најавуваше формирање комунална полиција како решение за ваквите проблеми во градот. Но, иако законското решение беше изработено од Град Скопје, не беше донесено од Владата ниту беше почната постапката.

    Актуелната градоначалничка Данела Арсовска досега ниту еднаш не споменала дека на Градот му е потребна комунална полиција, ниту бара од Владата да се донесе вакво законско решение.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира