НАД 600 ЛУЃЕ СЕ ПОД ИСТРАГА, А 184 ВО ПРИТВОР ЗА ЗГРАДИТЕ КОИ СЕ УРНАА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА

    НАД 600 ЛУЃЕ СЕ ПОД ИСТРАГА, А 184 ВО ПРИТВОР ЗА ЗГРАДИТЕ КОИ СЕ УРНАА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈАМинистерот за правда Бекир Боздаг рече дека 184 од 612 осомничени се притворени во очекување на судењето, меѓу кои и градежни изведувачи и сопственици или управители на згради. (Фото: АП)

    Започнати се истраги против повеќе од 600 луѓе во врска со зградите кои се урнаа во катастрофалниот земјотрес во Турција на почетокот на овој месец, изјави денеска владин претставник. Министерот за правда Бекир Боздаг рече дека 184 од 612 осомничени се притворени во очекување на судењето. Меѓу притворените се и градежни изведувачи и сопственици или управители на згради, рече тој во координативниот центар во Дијарбакир во југоисточна Турција.

    „Откривањето на доказите во зградите продолжува како основа за кривична истрага“, додаде Боздаг.

    Последиците од земјотресот со јачина од 7,8 степени на 6 февруари, во кои има речиси 48.000 загинати во јужна Турција и северна Сирија, ги натераа Турците да се сомневаат во структурниот интегритет на многу од 173.000 згради кои се урнаа или беа сериозно оштетени. Експертите велат дека многу урнати објекти биле изградени со послаби материјали и методи и честопати не биле во согласност со владините стандарди. Опозициските партии ја обвинија администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека не ги спроведува градежните прописи.

    Градоначалникот на град блиску до епицентарот на земјотресот бил приведен како дел од истрагата за урнати згради, објавија денеска весникот „Џумхуриет“ и други медиуми. Оккеш Кавак, кој раководи со областа Нурдаги во провинцијата Газиантеп и е член на Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, и се смета дека не успеал да обезбеди градежни инспекции.

    АФАД, турската агенција за управување со катастрофи, соопшти дека 9.470 последователни потреси го погодиле регионот погоден од земјотресот.

    „Ова ќе продолжи долго време… очекуваме овие последователни потреси да траат најмалку две години“, рече генералниот директор на АФАД Орхан Татар на брифингот за медиумите во Анкара. Тој рече дека земјотресот со јачина од 5,3 степени што го погоди Бор, град на околу 245 километри западно од епицентарот на 6 февруари, се смета за „независен“ од претходните потреси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира