БРИСЕЛ ОЧЕКУВА НЕШТО КОНКРЕТНО ОД НАС ДО 24 МАРТ, КАЖА ВУЧИЌ ПО РАЗГОВОРИТЕ СО КУРТИ

    БРИСЕЛ ОЧЕКУВА НЕШТО КОНКРЕТНО ОД НАС ДО 24 МАРТ, КАЖА ВУЧИЌ ПО РАЗГОВОРИТЕ СО КУРТИВучиќ кажа дека следната средба со Курти ќе ја има во Македонија на 18 март (Фото: Танјуг)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европската Унија очекува нешто конкретно од преговорите со Косово до 24 март, откако денеска во Брисел се сретна со косовскиот премиер Албин Курти. Тој кажа дека денеска не се разговарало за европскиот предлог за нормализирање на односите со Косово, туку за имплементација на веќе постигнатите договори, особено за формирање на Заедницата на српски општини, што за Белград е приоритет.

    Имавме тежок состанок, ќе ги имаме уште многу во наредниот период. На 18 март треба да се сретнеме во Северна Македонија, кога еврокомесарот Жосеп Борел ќе биде во посета на регионот“, кажа Вучиќ.

    Тој додаде дека денеска во Брисел не се случило ништо посебно.

    До 23 или 24 март, Брисел сака да има извештај за тоа дали Србија и Косово постигнале нешто и во согласност со тоа ќе се однесува кон европските интеграции на едните и другите. Ќе откажам дел од патувањата за да бидам подготвен за 18 и 24 март“, кажа Вучиќ.

    Тој неодамна кажа дека планот за Косово го поддржале сите членки на ЕУ, дури и оние кои не ја признале неговата независност. Деталите од планот сè уште не ѝ се познати во целост на српската јавност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира