ОДНОСИТЕ МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРААТ СО ЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ, КАЖА КУРТИ НА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ВО СКОПЈЕ

    ОДНОСИТЕ МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРААТ СО ЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ, КАЖА КУРТИ НА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ВО СКОПЈЕКосовскиот премиер Албин Курти денеска на Вториот економски форум во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Косовскиот премиер Албин Курти вели дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија може да се направи само преку заемно признавање. Според Курти, кој се повикува на изјави на американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц, заемното признавање е суштината и централната точка на целосната нормализацијата на односите.

    „Нормализација на односите може да се направи преку заемно признавање. Ова беше кажано од претседателот Бајден, секретарот Блинкен, канцеларот Шулц, дека заемното признавање е суштината и централната точка на целосната нормализацијата на односите, а ние се обидуваме и работиме напорно да го имаме како основ предлогот на ЕУ кој што ни беше претставен и на мене и на претседателот на Србија. Ние го прифативме текстот на тој предлог, му дадовме поддршка во двата главни града како и во Брисел“, изјави Курти денеска на Вториот економски форум во Скопје.

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел најави дека следниот состанок на високо ниво за дијалог за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград ќе се одржи во Скопје на 18 март, за што Курти рече дека верува оти ваквиот избор на Борел е затоа што Скопје е најголемиот град најблиску до Приштина, но и затоа што се работи за голем импакт врз целиот регион од страна на земјава.

    „Македонија е земја која напредува во однос на демократијата, правото и европската интеграција, а во 1999 година во Куманово е потпишан и Кумановскиот договор, по кој следеше влезот на НАТО на Косово. Овие симболични елементи придонеле за Борел следната средба за дијалогот да ја закаже токму во Скопје“, рече Курти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира