ФИРМАТА ЌЕ ДОБИЕ НЕГАТИВНА РЕФЕРЕНЦА АКО НЕ ГИ КОРИГИРА ГРЕШКИТЕ ПРИ ПОВТОРЕНОТО АСФАЛТИРАЊЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ ЗА УЛИЦА КОЗАРА

    ФИРМАТА ЌЕ ДОБИЕ НЕГАТИВНА РЕФЕРЕНЦА АКО НЕ ГИ КОРИГИРА ГРЕШКИТЕ ПРИ ПОВТОРЕНОТО АСФАЛТИРАЊЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ ЗА УЛИЦА КОЗАРАГерасимовски вели дека парите на граѓаните се заштитени со тоа што улицата не е исплатена. (Фото: К.Попов)

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека фирмата „Гама градба“ ќе добие негативна референца доколку при повторното асфалтирање не се коригираат грешките.

    „Надзорот си ја врши својата работа и констатирано е дека има грешка во изведбата односно во поставување на асфалтот. Технички прием не е направен на улицата, не се исплатени пари и чекаме до крајот на месецот да биде изведена. Доколку самите грешки не се коригираат при правење на технички прием ќе биде дадена негативна референца на фирмата“, вели Герасимовски.

    Фирмата „Гама градба“ за асфалтирањето на улицата Козара која се прави веќе една година потпиша договор со Општината во висина од 130.000 евра. Дополнително пред еден месец склучен е и анекс на основниот договор во висина од 22.000 евра за асфалтирање на краците на Козара.

    Герасимовски вели дека парите на граѓаните се заштитени со тоа што улицата не е исплатена, кога ќе биде целосна реконструирана ќе биде исплатена доколку надзорот каже дека сè е во ред.

    Истата фирмата Општината ја избра и за реконструкција на улицата Ленинова на потегот од булевар Партизански одреди до улицата Теодосиј Гологанов. За оваа улица договорот на „Гама градба“ со Општината е 670.000 евра.

    „На улицата Ленинова има одличен надзор кој секојдневно е на терен за да не се повтори во иднина некаква грешка“, додава Герасимовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира