Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека ниту едно парче српско оружје или муниција не е продадено ниту на Русија, ниту на Украина и оние кои тврдат поинаку се „лажговци“, кои ѝ нанесуваат штета на Србија.
„За Србија постојат, во склад со меѓународните закони, таканаречени дозволени корисници и само во такви земји Србија може да извезува. Ние сè направивме во склад со законот, чисти сме како солза“, кажа Вучиќ во Катар, каде што учествува на конференција на Обединетите Нации.
По повод тврдењата дека српско оружје е завршило во Украина преку Турција, Вучиќ вели дека Србија дополнително се заштитила, бидејќи знае дека постои можност дел од оружјето да заврши на друго место.
„Ние додадовме дека е невозможно да се извезе муницијата која што ѝ ја дадовме на Турција без наша согласност“, изјави Вучиќ.
Неделaва на социјалните мрежи се појавија снимки од војната во Украина, на кои што наводно се гледа муниција произведена во Србија како се користи во украинските повеќеракетни системи „Град“.