УКРАИНА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОДБРАНАТА НА БАХМУТ

    УКРАИНА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОДБРАНАТА НА БАХМУТКиев кажа дека украинските сили и натаму се држат во пеколната битка за Бахмут (Фото: Њујорк тајмс)

    Украина донесе одлука за продолжување на одбраната на Бахмут, откако претседателот Володимир Зеленски денеска се сретна со највисоките воени заповедници Валери Залужни и Олександр Сирски.

    И началникот на генералштабот Валери Залужни и заповедникот на копнените сили Олександр Сирски кажаа дека треба да се продолжи со одбранбените операции и со натамошното зајакнување на украинските позиции во Бахмут“, соопштија од кабинетот на Зеленски.

    Киев денеска кажа дека украинските сили и натаму се држат во пеколната битка за Бахмут, додека Вашингтон соопшти дека и евентуалното освојување на овој град нема да ѝ донесе значајна предност на Русија во војната. Руските сили веќе седум месеци се обидуваат да го опколат и освојат Бахмут, иако неговата стратешка и оперативна важност се оспорува, што доведе до најкрвавата битка во едногодишната војна.

    Украинските трупи истовремено ги зацврстуваат позициите западно од градот во случај на повлекување, за што досега не е издадена наредба.

    Одбраната се држи во многу тешки услови. Ситуацијата во и околу Бахмут е вистински пекол“, кажа украинскиот воен заповедник Володимир Назаренко.

    По големите успеси на бојното поле есеноска, Украина се фокусираше главно на дефанзивата во изминатите три месеци, спречувајќи ги руските сили да бележат значајни напредувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира