ДВАЈЦА ПИЛОТИ ЗАГИНАА ПРИ СУДИР НА ДВА ВОЕНИ АВИОНА КАЈ РИМ, ЕДЕН ПАДНА ВО СТАНБЕНА ОБЛАСТ

    ДВАЈЦА ПИЛОТИ ЗАГИНАА ПРИ СУДИР НА ДВА ВОЕНИ АВИОНА КАЈ РИМ, ЕДЕН ПАДНА ВО СТАНБЕНА ОБЛАСТЕден авион падна врз автомобил во тесна улица (Фото: АП)

    Двајца пилоти на италијанските воздушни сили загинаа откако нивните авиони се судрија близу Рим за време на вежба, соопшти војската.

    Авионите од типот „У-208“ се судрија кај воениот аеродром Гвидонија, околу 25 километри североисточно од Рим, по што еден од нив падна врз автомобил во тесна улица со станбени згради. Другиот авион падна во поле во кругот на аеродромот.

    Според очевидците, четири авиони летале во формација кога два од нив се судриле. Властите кажаа дека нема други повредени во несреќата.

    У-208“ се лесни авиони со еден мотор кои можат да примат четворица патници, плус пилот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира