ГРАДЕЖНИК КОПА ДУПКА ЗА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ И ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ОД ИСКОПОТ СИ ЈА ТРУПА НА СОСЕДНИОТ ПЛАЦ

    ГРАДЕЖНИК КОПА ДУПКА ЗА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ И ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ОД ИСКОПОТ СИ ЈА ТРУПА НА СОСЕДНИОТ ПЛАЦСоздадено е огромно брдо од земја, кое може да се свлече и да ги затрупа двете улици, низ кои минуваат пешаци и автомобили. (Фото: К. Попов)

    Огромно брдо високо 5-6 метри е создадено на тревникот на улицата Крушевска република кај ТЦ „Џамбо“, во Скопје. Градежникот копа дупка за темели за зграда, а земјата која ја вади ја фрла и ја трупа во соседната парцела која излегува на две улици.

    Земјиштето каде се фрла земјата е приватен имот, но на него нема никаков објект туку досега имаше само трева. Парцелата не е ниту оградена туку машините од градилиштето си ја фрлаат слободнои  земјата и чакалот кои ги копаат. Ова трае со денови па создадено е огромно брдо, кое може да се свлече и да ги затрупа двете улици, низ кои минуваат пешаци и автомобили.

    Земјиштето каде се фрла земјата е приватен имот, но на него нема никаков објект туку досега имаше само трева.(Фото: К.Попов)

    Градежникот не смее да зафаќа простор надвор од неговото градилиште. Според одобрението за градба и Законот за јавна чистота, тој треба ископаната земја да ја отстрани и да ја однесе на депонија, а не да узурпира имот и да ја загрозува безбедноста на граѓаните.

    Од Општина Центар велат дека се запознаени со овој случај и градежникот е казнет.

    Комуналната инспекција на Општина Центар постапувајќи по пријава на граѓани, изврши вонреден инспекциски надзор на горенаведената локација и согласно Закон за јавна чистота изрече глоба на правното лице – сторител на прекршокот, како и на одговорното лице во правното лице. Сторителот е задолжен градежниот материјал и шут да го отстрани од парцелата. Комуналната инспекција повторно ќе изврши контрола на терен, со цел проверка дали е постапено по задолжението“, велат од Општина Центар.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира