САД ОБЈАВИЈА ВИДЕО ОД ИНЦИДЕНТОТ НАД ЦРНОТО МОРЕ ВО КОЈ РУСКИ АВИОН СЕ СУДРИ СО АМЕРИКАНСКИ ДРОН

    САД ОБЈАВИЈА ВИДЕО ОД ИНЦИДЕНТОТ НАД ЦРНОТО МОРЕ ВО КОЈ РУСКИ АВИОН СЕ СУДРИ СО АМЕРИКАНСКИ ДРОНОд снимката што ја објави Пентагон се гледа како руски авион „су-27“ испушта гориво додека му се доближува на дронот (Фото: АП)

    Американската војска објави снимка од завчерашниот судир на руски борбен авион со еден од нејзините дронови над Црното Море. САД кажаа дека дронот бил толку оштетен што морале да го соборат во водите близу Украина.

    Русија негираше дека нејзин авион „су-27“ го допрел пропелерот на дронот „рипер“, но објавената снимка се чини ја поддржува американската верзија на настанот. САД претходно кажаа дека конфронтацијата траела меѓу 30 и 40 минути, пред да дојде до судирот.

    „Остануваме уверени во фактите што ги изнесовме досега“, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин, додавајќи дека на Пентагон му требало малку време да реши какво видео да објави.

    Остин претходно ги опиша руските дејства како несовесни и опасни.

    Снимка од камерата поставена под трупот на набљудувачкиот дрон покажува како руски авион „су-27“ прави две крајно блиски поминувања додека испушта нешто што наликува на гориво. Во друг кадар се гледа како сечилото на пропелерот на задниот дел на дронот е свиткано.

    Русија тврди дека дронот премногу се доближил до нејзина територија и дека се урнал откако извел остар маневар, додека САД инсистираат дека тој бил на рутинска мисија во меѓународниот воздушен простор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира