СО ТРИЧАСОВЕН КОНЦЕРТ И 44 ПЕСНИ, ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ПОЧНА СВЕТСКАТА ТУРНЕЈА ПОСЛЕ ПЕТГОДИШНА ПАУЗА

    СО ТРИЧАСОВЕН КОНЦЕРТ И 44 ПЕСНИ, ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ПОЧНА СВЕТСКАТА ТУРНЕЈА ПОСЛЕ ПЕТГОДИШНА ПАУЗАКонцертот беше масивна продукција со 16 танчари, светлечка писта и мултимедијална сценографија. (Фото: Гети)

    Популарната американска пејачка Тејлор Свифт во петокот ја почна првата турнеја „Ерас“ после пауза од 5 години. За тоа време, таа издаде 4 албуми, меѓу кои и „Фолклор“, за кој доби Греми награда. Првиот голем настап во живо после пандемијата траеше над 3 часа, а таа испеа 44 песни.

    „Не можам ни да ви доловам колку ми недостигавте“, им рече 33-годишната Свифт на обожавателите на првиот концерт од турнејата.

    На стадионот „Стејт фарм“ во Аризона, каде минатиот месец се одржа финалето на Супербоул, дојдоа околу 80 илјади посетители. Ѕвездата најави дека „концетот ќе биде патување низ сите мои музички етапи“.

    Оваа турнеја постави рекорд за најмногу продадени билети за концерт на музичар во еден ден, од 2,4 милиони. Најавено е дека ќе има 52 концерта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира