ОПОЗИЦИЈАТА СО 4.500 АМАНДМАНИ ГО СПРЕЧУВА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ

    ОПОЗИЦИЈАТА СО 4.500 АМАНДМАНИ ГО СПРЕЧУВА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕВо судовите има чесни и професионални судии, кои се жртви на корумпирани колеги и на властите на кои им одговара состојбата да е ваква. - Основен кривичен суд Скопје (Фото: СДК.МК)

    Левица и ВМРО-ДПМНЕ со вкупно 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои уште пред Нова Година тогашниот министер за правда Никола Тупанчески ги поднесе до Собранието, а се за зголемување на платите во судството и во обвинителството. Но, и за зголемување на платите на членовите на Судскиот совет и на Советот на јавните обвинители.

    Според пратеникот Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, инфлацијата во државата е на алармантно ниво, стопанствениците едвај даваат плати на своите вработени, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, не е време Владата да ги зголемува платите на судиите и обвинителите. Башка, смета дека тоа е последната категорија на која треба да ѝ се покачи плата, од оправдани причини.

    „Она што претходниот министер за правда Тупанчески го започна, сега новиот министер за правда во Владата го продолжува. Очигледно, ова е награда од Владата за мизерните три отсто доверба на граѓаните во судството. Ја прашуваме Владата, дали ова зголемување на платите на судиите и јавните обвинители ќе значи подобро судство, подобро обвинителство, намалување на бирократските процедури и побрзо решавање на судските спорови на граѓаните? Секако дека не. Место власта да ги засука ракавите и конечно да почне со реални и конкретни реформи во судството, мисли дека со вакви ад хок решенија ќе ги поправи своите недостатоци“, кажа пратеникот, и додаде дека опозицијата не е против покачувањето на платите на судиите и јавните обвинители.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира