НЕ САКАМЕ ГРАЃАНСКА ВОЈНА, КАЖА НЕТАНЈАХУ И ГИ ОДЛОЖИ СПОРНИТЕ СУДСКИ РЕФОРМИ ПОРАДИ КОИ ИЗБИЈА МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ИЗРАЕЛ

    НЕ САКАМЕ ГРАЃАНСКА ВОЈНА, КАЖА НЕТАНЈАХУ И ГИ ОДЛОЖИ СПОРНИТЕ СУДСКИ РЕФОРМИ ПОРАДИ КОИ ИЗБИЈА МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ИЗРАЕЛПротивниците на владините планови сметаат дека тие се закана за демократијата и покренаа масовни протести (Фото: АП)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва ја одложи одлуката за контроверзните судски реформи до следниот месец поради стравувањата дека големата политичка криза во земјата би можела да доведе до растурање на неговата кревка коалиција и до засилување на насилствата. Одлуката прв ја соопшти крајнодесничарскиот партнер на Нетанјаху, партијата Еврејска моќ, додавајќи дека за законот ќе се дискитура на следната парламентарна седница, а не оваа недела.

    Владата ги одложува второто и третото читање на законот до следната парламентарна седница. Одложувањето се прави со цел да се постигне широк консензус. На земјата не ѝ требаат натамошни тензии. Се соочуваме со криза која е закана за нашето национално единство, но мојата влада никогаш нема да прифати граѓанска војна“, изјави Нетанјаху.

    Противниците на владините планови за зајакнување на контролата врз судството сметаат дека тоа е закана за демократијата и покренаа масовни протести.

    Летовите од аеродромот „Бен Гурион“ денеска беа запрени, а пристаништата, банките и здравствените установи најавија прекин на работата откако националната унија на синдикати повика на генерален штрајк за да се запре судската реформа. И израелскиот претседател Исак Херцог утрово ја повика владата да запре со најавените реформи.

    Протестите почнаа откако Нетанјаху викендов го смени министерот за одбрана Јоав Галант, кој се побуни против реформите, кои, меѓу другото, на владата би ѝ дале целосна контрола врз комитетот кој назначува судии. Откако полицијата и војската употребија водени топови за да ги растурат демонстрантите, шефот на армијата Херци Халеви ги повика војниците да дејствуваат одговорно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира