Кумановецот Мумин Дураку (47) доби 20 месеци затвор за сообраќајка која ја предизвикал на 11 февруари 2021, во 19 часот на крстосницата на улиците 11 Октомври и Сава Ковачевиќ во Куманово. Во сообраќајката тешки телесни повреди доби доби кумановката Снежана Манев (57), која е претседателка на Основен суд Куманово. Оваа одлука на Основен суд Велес ја потврди и Апелациониот суд од Скопје и е правосилна.
На обвинетиот Дураку му се судеше за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот“ кое го сторил со умисла. Овој предмет беше изземен од надлежност на кумановскиот и доделен на велешкиот суд, поради тоа што оштетена беше претсдателката на судот во Куманово.
СудијакатаМанев од добиените повреди неколку дена била во кома и во мошне тешка здравствена состојба. Обвинетиот Дураку таа вечер на пешачки, со неговиот автомобил „фолксваген голф“ ја удрил Манев возејќи 44 км/ч, или 4 км повеќе од дозволеното.
П. ПЕЧКОВ