Најмалку 28 лица загинаа, меѓу кои кои две деца и шестмесечно бебе, а 230 се спасени откако синоќа се запали брод со патници на Филипините. Според властите, пожарот започнал во климатизираните кабини на бродот, но не е јасно што е причината.
Неизвесен е бројот на исчезнати, бидејќи не се се знае точната бројка на патниците. На списокот се наведени само 205 патници.
Крајбрежната стража изјави дека кога започнал пожарот најголем број од патниците спиеле во тоа време. Потоа, капетанот го насочил бродот кон брегот за преживеаните да може побрзо да испливаат.
Филипинската крајбрежна стража соопшти дека во тек се операциите за пребарување и спасување и дека нема знаци на преоптоварување на бродот.