Со нетрпение очекуваниот нов филм на Мартин Скорсезе, „Убијци на Цветната Месечина“ (Killers of the Flower Moon), ќе има светска премиера на годинашниот Кански филмски фестивал во 2023, потврдија организаторите. Филмот е еп за сериските убиства на богати нафташи членови на „Нацијата Осејџ“ во 1920-тите во Оклахома, со Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро, Лили Гледстон, Џеси Племонс, Кара Џејд Мајерс, Џана Колинс, Џилијан Дион и Танту Кардинал, а сите се очекува да присуствуваат на Кан за премиерата на 20 мај, заедно со Скорсезе.
Проекцијата ќе го одбележи првиот филм на Скорсезе што ќе се прикаже во официјална селекција во Кан по „Идиотска ноќ“ (After Hours) во конкуренција во 1986 за кој Скорсезе ја доби наградата за најдобар режисер. „Таксист“ на Скорсезе ја доби Канската Златна палма за најдобар филм во 1976, а режисерот беше на чело на жирито во Кан во 1998.
Организаторите во Кан не кажаа дали „Убијци на Цветната Месечина“ ќе биде во или вон конкуренција на 76. фестивал. Кан ќе објави каде ќе игра филмот на официјалната прес-конференција кон средината на април, кога ќе ја објави целосената селекција.
Адаптирано од најпродаваната книга на Дејвид Гран, сценариото е на Скорсезе и Ерик Рот („Дина“, „Ѕвездата е родена“), „Убијци на Цветната Месечина“ е еден од најочекуваните филмови на годината и главен успех за Кан. Кинопремиерата е на 6 октомври и на 20 октомври низ САД, во фанцуските кина ќе игра од 18 октомври, а потоа ќе оди глобално на стриминг платформата „Епл ТВ+“.