67-ГОДИШЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ЗАГИНА ПРИ ПОЖАР ВО НЕГОВАТА КУЌА 

    67-ГОДИШЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ЗАГИНА ПРИ ПОЖАР ВО НЕГОВАТА КУЌА Ова е втор случај на пожар со смртни последици за две недели во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Шеесет и седум годишен велешанец загина во неговиот дом утрово, откако избувнал пожар во собата во која спиел. Пожарот се случил во населба близу Железничката станица во Велес и бил пријавен во Пожарната во 5.10 часот. Пожарникарите веднаш интервенирале и пожарот бил изгаснат во 5.30 часот.

    „На лице место е излезена екипа од шест пожарникари со едно возило. Затечен е пожар во разгорена форма кој за дваесет минути е изгаснат. Во куќата е пронајдено тело“,  кажа Димче Јованов командир на вод во Пожарната Велес.

    На местото на настанот дошла екипа на итната помош, која констатирала дека лицето е починато.

    Ова е втор случај на пожар со смртни последици за две недели во Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира