ЗА 150-ГОДИШНИНАТА, ОТВОРЕН МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЖЕЛЕЗНИЦА

    ЗА 150-ГОДИШНИНАТА, ОТВОРЕН МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЖЕЛЕЗНИЦАТркало од парна локомотива која е реарирана и сега се користи при снимање филмови. (Фото: СДК.МК)

    За јубилејот 150 години од Македонската железница (МЖ), во Скопје беше отворен Музејот на железницата. Во просторијата која се наоѓа на железничката станица во Скопје, има поставено стотина предмети поврзани со работа на железничарите, собрани од железничките станици во земјава. Тие претставуваат дел од историјата на МЖ.

    Првиот воз во Македонија стигна во Велес на 9 април, 1873 година, а тргнал од Солун.

    „Најстар експонат, документ кој го поседуваме, е план катастар за изградба на пругата од Солун до Митровица. Тој е од 1888 година, цртан е на паус, од германски инженер за потребите на отоманската држава. Тоа е цртеж километар по километар, како изгледа пругата, откако е таа изградена. Многу интересен и значаен документ за нас“, кажа Ванчо Милошевски од Македонски железници- инфраструктура, кој е задолжен за поставката.

    Најстар експонат е план катастар за изградба на пругата од Солун до Митровица од 1888. (Фото: СДК.МК)

    Најстар предмет е Морзеов телеграф, кој служел за комуникација помеѓу железничките станици произведен од 1888 година, производство на „Сименс“ пронајден на станица Гевгелија. Меѓу постарите експонати е механички блок апарат за регулирање железнички сообраќај, српско производство од 1930-тите години.

    Меѓу експонатите има и неколку макети од рачни изработки на патнички и товарни вагони, но и моторна локомотива. На десетина паноа има опис за развојот и создавањето на железницата и во светот и во Македонија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира