ПОРАДИ СМРТ НА НОВОРОДЕНЧЕ ПОВТОРНО ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА, АКО ИМА ПРОПУСТ ЌЕ ИМА И ОДГОВОРНОСТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ

    ПОРАДИ СМРТ НА НОВОРОДЕНЧЕ ПОВТОРНО ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА, АКО ИМА ПРОПУСТ ЌЕ ИМА И ОДГОВОРНОСТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИМинистерот за здравство Фатмир Меџити кој по веста за смртта на бебето ја посети болницата. (Фото: СДК.МК)

    Утре пристигнуваат инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) за да утврдат како и зошто вчера починало новороденчето во Клиничката болница во Битола, најави министерот за здравство Фатмир Меџити кој по веста за смртта на бебето ја посети болницата. Бебето починало по породувањето на Одделението за Гинекологија во болницата.

    „Дојдовме да видиме од блиску како се случило. Утре од Државен здравствен и санитарен инспекторат ќе пратиме комисија од инспектори и ќе утврдат што била причината. Според првичниот извештај, било живо родено со брадикардија. Имало белодробно срцево оживување и понатаму сè ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивно и резултати од институциите одговорни за здравство“ , рече министерот Меџити.

    Тој во болницата разговараше и со 24-годишната родилка на која ѝ почина бебето по породувањето.

    „Длабоко сочувство за младата родилка и изгубеното бебе. Ако има пропуст ќе има и одговорност. Службите ќе откријат и ќе излеземе со конечен извештај“, рече Меџити.

    За смртта на 5-годишната Јана Христовска, која почина минатиот месец на Педијатриското одделение во Болницата, рече дека чекаат детален извештај од обдукцијата.

    Орашан кога во болницата ќе има вработувања зашто недостигаат околу сто лекари, министерот рече дека ова е проблем низ целото здравство во државата.

    „Ова не може да се реши преку ноќ, туку полека мора да настојуваме да имаме подобри резултати во иднина и да не ни се случуваат вакви немили настани“, рече Меџети.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира