БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ОД СДСМ ДОДЕЛИЈА САТИРИЧНИ ПОФАЛНИЦИ НА ДИРЕКТОРИ НА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СО ЗАГУБИ И НЕ ГЛАСАА ЗА ЗАВРШНИТЕ СМЕТКИ

    БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ОД СДСМ ДОДЕЛИЈА САТИРИЧНИ ПОФАЛНИЦИ НА ДИРЕКТОРИ НА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СО ЗАГУБИ И НЕ ГЛАСАА ЗА ЗАВРШНИТЕ СМЕТКИДури 4 од 9 јавни претпријатија имаат завршна сметка за 2022 со вкупна загуба од над 44 милиони денари, а во нив се Водовод, Комуналец, Пазари и Паркинзи. (Фото: СДК.МК)

    На сатиричен начин, координаторот на опозициската советничка група на СДСМ Методија Илиевски денеска им додели пофалници на сите директори на јавните претпријатија од Битола за, како што рече, со иронија да ги пофали за постигнатиот успех што дел од нив имаат завршни сметки со загуби. Ова беше на денешната седница на Советот, на чиј дневен ред беа извештаите за финансиското работење на деветте општински јавни претпијатија. Тој даде пофалници и за градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Совет Габриела Илиевска за изборот на менаџерскиот тим што ги води претпријатијата.

    „Ако успеавте од позитива или од позитивна нула како што ги презедовте јавните претпијатија за една година да ги доведете до загуба, што ќе се случи со нив доколку продолжите со истоито темпо по една или две години? Ќе треба да ги затворите и да прогласиме стечај! Моменталната состојба на јавните претпријатија е полоша и од времето на Двојче. Ние нема да продолжиме да учествуваме во ваква лакрдија и пазарење, имаме дневен ред со повеќе од 80 точки, се исцрпуваме со 10-часовни седници, а напредок нема“, рече Илиевски, по што советниците од СДСМ ја напуштија седницата и не гласаа за завршните сметки на претпријатијата.

    Според извештаите образложени пред Советот, дури четири од девет јавни претпријатија имаат завршна сметка за 2022 со вкупна загуба од над 44 милиони денари, а во нив се Водовод, Комуналец, Пазари и Паркинзи. Повеќето од директорите рекоа дека загубите се должат на високите цени на струјата и горивото. Другите претпријатија се со мали добивки или изедначени приходи и расходи, а Меѓуопштинското претпријатие за транспорт „Пелалинк“ има само директор, но не и други вработени. Нема ни простории, па директорот е семестен во Жабени и единствениот трошок е неговата плата.

    По заминувањето на опозицијата, беше дадена пауза од пет минути која траеше многу подолго.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира