ДА СКАПЕМЕ ВО ЗАТВОР АКО СЕ КОРУМПИРА НЕКОЈ ОД НАС ВО ПРОЕКТОТ ЗА ЧЕТИРИТЕ АВТОПАТИШТА ОД 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, РЕЧЕ ГРУБИ

    ДА СКАПЕМЕ ВО ЗАТВОР АКО СЕ КОРУМПИРА НЕКОЈ ОД НАС ВО ПРОЕКТОТ ЗА ЧЕТИРИТЕ АВТОПАТИШТА ОД 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, РЕЧЕ ГРУБИ„Ако се проневери еден денар, ако се корумпира еден од нас, тогаш да скапеме во затвор“, рече Груби во Стопанската комора. (Фото: СДК.МК)

    Јас обично работам на уставни измени и преговори и договори меѓу политичките партии, никогаш не сум мислел дека ќе зборувам во Стопанската комора, рече вицепремиерот и координарот за изградба на Kоридорите 8 и 10д Артан Груби вредни 1,3 милијарди евра. Тој денеска беше говорник во Стопанската комора во рамките на настанот месечно обраќање на актуелни теми.

    Груби кажа дека овој е животен проект за него и дека нема никаква корупција.

    „Ако се проневери еден денар, ако се корумпира еден од нас, тогаш да скапеме во затвор“, рече Груби.

    На покана на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денешна тема е изградбата на Коридорите 8 и 10д и предизвиците со кои се соочува овој проект. Во воведното обраќање, Азески постави прашања зошто не е консултирана бизнис-заедницата во спроведување на целата постапка, зошто се носат закони по скратена постапка и колку ќе бидат вклучени домашните компании во овој процес?

    Груби во воведното обраќање кажа дека му е задоволство што говори во Стопанската комора и пред претседателот Азески. Кажа дека овој проект е спроведен во транспарентна постапка и дека договорот не е таен.

    „Овој не прв ваков договор, мора да ги почитуваме деловните тајни на фирмата, но тоа не е криминал и корупција. Владата јавно ги објави финансиите за овој проект и во иднина ќе се објавува секој потрошен денар. Законските измени ги бараат пратениците, а не ‘Бехтел и Енка’. Овие барања произлегоа по консултации со колеги пратеници од Хрватска и регионот, како овој проект побрзо да се реализира“, рече Груби.

    Тој кажа дела договорот предвидува 51 отсто од градежните работи на патиштата да ги изведуваат домашни компании.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира