СОВЕТНИЦИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ ПАК ЏАБЕ ПОСТАВУВАА ПРАШАЊА, НИКОЈ НЕ ОДГОВАРАШЕ, АРСОВСКА НЕ НИ ДОЈДЕ НА СЕДНИЦАТА

    СОВЕТНИЦИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ ПАК ЏАБЕ ПОСТАВУВАА ПРАШАЊА, НИКОЈ НЕ ОДГОВАРАШЕ, АРСОВСКА НЕ НИ ДОЈДЕ НА СЕДНИЦАТАДиректорите и раководителите на секторите речиси на сите поставени прашања, само излегуваа на говорницата и им велеа на советниците дека писмено ќе добијат одговор.(Фото: К.Попов)

    Советниците од Советот на Град Скопје и денеска не добија одговори на советнички прашања кои ги поставуваа до градоначалничката Данела Арсовска, директорите на јавните претпријатија и службите. Градоначалничката Арсовска не ни дојде на седницата, а директорите на јавните претпријатија и раководителите на секторите не одговараа на прашањата. Речиси на сите поставени прашања, само излегуваа на говорницата и им велеа на советниците дека писмено ќе добијат одговор.

    Арсовска е прв градоначалник на Скопје кој не одговара на советнички прашања и Град Скопје е целосно затворена институција за јавноста и новинарите. Во мандатите на ексградоначалниците Ристо Пенов, Трифун Костовски, Коце Трајановски и Петре Шилегов, тие редовно од говорницата одговараа на прашањата на советниците и даваа отчет за нивната работа.

    Прашањата на советниците се прашања и поплаки на граѓаните кои стигнуваат до нив и кои тие ги пренесуваат на градоначалникот. Но, на Арсовска не ѝ е гајле за прашањата. Таа од почетокот на мандатот прво не доаѓаше на седниците, а потоа излегуваше на говорница само за да се кара со ВМРО-ДПМНЕ. Прашањата на другите советници велеше дека ќе бидат одговорени писмено, но одговори година и половина откако е на функција не се добиваат ниту писмено.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира