ОТСТРАНЕТА И ПОСЛЕДНАТА ТАБЛА СО „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ ОД БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

    ОТСТРАНЕТА И ПОСЛЕДНАТА ТАБЛА СО „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ ОД БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛАДенес е остранета и тората табла на која го пишуваше името на бугарскиот клуб во Битола -„Културен центар Иван Михајлов“. (Фото: СДК.МК)

    Откако пред повеќе од три недели со црн спреј беше премачкан натписот „Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“, денес е остранета и другата табла на која го пишуваше името на бугарскиот клуб во Битола -„Културен центар Иван Михајлов“. Од таблата се останати само држачите, со што на објектот веќе нема натписи и само се веат знамињата на Бугарија, Македонија, ЕУ и ВМРО.

    Бугарското здружение во Битола уште во март годинава беше избришано од Централниот регистар, зашто не направи промени според измените од Законот за здруженија и фондации, со што згасна и неговата работа.

    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има покренато прекршочната постапка против бугарското здружение и неговиот претседател Љупчо Ѓоргиевски, за вознемирување на македонскиот народ со содржини поврзани со делото на соработникот на фашистите Ванчо Михајлов. Исто така и Основно јавно обвинителство има поведено кривична постапка против Ѓоргиевски за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира