СЗО ПРОГЛАСИ КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19

    СЗО ПРОГЛАСИ КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19Се проценува дека најмалку седум милиони луѓе починале за време на пандемијата (Фото: СДК.МК)

    Светската здравствена организација прогласи крај на пандемијата на ковид-19, додавајќи дека веќе не претставува глобална здравствена вонредна состојба. Ова следува три години откако беше прогласен највисокиот степен на тревога поради вирусот.

    Официјални лица кажаа дека стапката на смртност од ковид-19 паднала од највисоките 100.000 луѓе неделно во јануари 2021 на нешто повеќе од 3.500 на 24 април 2023. Шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, изјави дека седум милиони луѓе починале за време на пандемијата.

    Сепак, вистинската бројка на починати веројатно е близу 20 милиони. Вирусот и натаму останува значајна закана и државите не смеат да го спуштат гардот и да ги растурат изградените системи. Ковид-19 останува присутен, но веќе не предизвикува големи бранови на хоспитализација како некогаш“, изјави Гебрејесус.

    СЗО ја прогласи таканаречената вонредната состојба во јавното здравство од меѓународна загриженост во јануари 2020.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира