ПОЧИНА НАЈТЕШКО РАНЕТАТА УЧЕНИЧКА ВО ПУКАЊЕТО ВО БЕЛГРАДСКОТО ШКОЛО

    ПОЧИНА НАЈТЕШКО РАНЕТАТА УЧЕНИЧКА ВО ПУКАЊЕТО ВО БЕЛГРАДСКОТО ШКОЛОБројот на жртвите на пукањето порасна на десет (Фото: Танјуг)

    Во Универзитетската детска клиника во Белград почина ученичката која беше тешко ранета во пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, со што бројот на жртвите порасна на десет.

    Министерството за здравство на Србија објави дека девојчето починало утрово, и покрај хируршката интервенција и сите преземени мерки на интензивно лекување.

    Таа беше најтешко повредена од ранетите во пукањето на 3 мај, кога беа убиени осуммина ученици и еден чувар. Нападот го изврши 13-годишен ученик во истото училиште, кој потоа се предаде на полицијата. Девојчето имаше тешки повреди на главата и нејзината состојба од старт беше оценета како животно загрозувачка.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира