УКРАИНА ГИ СЛАВИ ПРВИТЕ УСПЕСИ НА ФРОНТОТ ОД НОЕМВРИ, КРЕМЉ ТВРДИ ДЕКА ЗАПАДНОТО ОРУЖЈЕ НЕМА ДА ГО ПРОМЕНИ ТЕКОТ НА ВОЈНАТА

    УКРАИНА ГИ СЛАВИ ПРВИТЕ УСПЕСИ НА ФРОНТОТ ОД НОЕМВРИ, КРЕМЉ ТВРДИ ДЕКА ЗАПАДНОТО ОРУЖЈЕ НЕМА ДА ГО ПРОМЕНИ ТЕКОТ НА ВОЈНАТАБитката за Бахмут се претвори во најдолга и најкрвава од почетокот на војната (Фото: украинска војска)

    Украина ги слави првите значајни успеси на бојното поле во последните шест месеци, додека претседателот Зеленски успеа да добие уште оружје од западните сојузници, вклучувајќи британски дронови со долг дострел и проектили.

    Од минатата недела, украинската војска почна да ги потиснува руските сили во и околу Бахмут, што е нејзина прва значајна офанзивна операција од ослободувањето на Херсон во ноември.

    Напредувањето на нашите трупи во правецот на Бахмут е првиот успех на офанзивните операции за одбрана на градот. Изминатите неколку дена покажаа дека можеме да одиме напред дури и во крајно тешки услови. Се бориме со помалку средства од непријателот, но сепак успеваме да му ги нарушиме плановите“, изјави заповедникот на украинските копнени сили Олександр Сирски.

    Битката за малиот источноукраински град стана најдолга и најкрвава од почетокот на војната, но не им донесе никаква награда на руските сили во зимската офанзива, која чинеше илјадници животи. Во последните шест месеци, украинските сили беа во дефанзива, додека Москва испраќаше илјадници свежо регрутирани резервисти и платеници.

    Киев сега подготвува противофанзива со помош на стотици западни тенкови и оклопни возила, додека Кремљ тврди дека тие нема да го променат текот на војната. Москва неодамна призна дека нејзините сили се повлекле северно од Бахмут. Во исто време, Киев ги прикажува успешните напади како локализирани напредувања, а не како почеток на големата противофанзива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира