АМЕРИКА ИМ ДОЗВОЛИ НА СОЈУЗНИЦИТЕ ДА Ѝ ДАДАТ МОДЕРНИ Ф-16 АВИОНИ НА УКРАИНА

    АМЕРИКА ИМ ДОЗВОЛИ НА СОЈУЗНИЦИТЕ ДА Ѝ ДАДАТ МОДЕРНИ Ф-16 АВИОНИ НА УКРАИНАДржавите можат да препродаваат или реизвезуваат американска воена опрема само со дозвола на САД. - Авион Ф-16 (Фото: Локид Мартин)

    САД велат дека ќе им дозволат на своите сојузници од Западот да ја снабдат Украина со модерни борберни авиони, вклучувајќи го и американскиот Ф-16, што е голема придобивка за Киев. Советникот за национална безбедност Џејк Саливен рече дека претседателот Џо Бајден ги информирал своите колеги од Г-7 за одлуката вчера на Самитот на блокот најразвиени држави во Јапонија. Саливен додаде дека САД ќе ги обучуваат украинските пилоти на овие авиони.

    Украина долго време бараше модерни борбени авиони и претседателот Володимир Зеленски рече дека станува збор за „историска одлука“.

    Државите можат да препродаваат или реизвезуваат американска воена опрема само со дозвола на САД, така што оваа одлука им овозможува на другите земји да испраќаат од својот постоечки арсенал на Ф-16 во Украина.

    САД и сојузниците досега беа сконцентрирани да ја снадбат Украина со оружје кое што ѝ е потребно за претстојната офанзива против руските сили, додаде Саливен.

    „Сега ја насочивме дискусијата околу подобрување на украинското воздухопловство како дел од нашата долгорочна посветеност на украинската самоодбрана“, вели Саливен.

    Досега, Украина добиваше борбени авиони од членки на НАТО, но само авиони од советско производство, како Миг-29 и Су-25. Македонија ги донираше своите четири Су-25 минатото лето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира