„МАРКИЗА“ НИ ВЛЕГУВА НАСИЛНО ВО ДВОРОВИТЕ ЗА ДА НАПРАВАТ ПРИСТАП ДО СПОРНИОТ ПЛАЦ НА ВОДНО, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА ПИТУ ГУЛИ

    „МАРКИЗА“ НИ ВЛЕГУВА НАСИЛНО ВО ДВОРОВИТЕ ЗА ДА НАПРАВАТ ПРИСТАП ДО СПОРНИОТ ПЛАЦ НА ВОДНО, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА ПИТУ ГУЛИРаботници ангажирано од „Маркиза“ насилно низ дворовите на соседите и со узурпација на државно земјиште, прават пристап до плацот. (Фото: СДК.МК)

    На спорниот плац на Водно, фирмата „Маркиза“ и понатаму гради. Жителите на овој дел од градот велат дека џабе се изјавите на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски дека патот до таканаречените плацеви на Водно нема да се гради, кога на терен се работи постојано и со засилена динамика. Сега работници ангажирано од „Маркиза“ насилно низ дворовите на соседите и со узурпација на државно земјиште, прават пристап до плацот.

    До спорната парцела не постои пристап. Фиктивниот пристап кој сака да го изведе Маркеза е во форма на тунел, кој не стои ниту во архитектонското решение, ниту во било која одобрена документација. Овој измислен пристап сакаат да го добијат насилно преку скалите на едниот сосед, на кој над 50 години тоа му е единствен пристап до неговиот дом и од друга страна, оградата на друг сосед која заедно со мермерниот плочник постои колку што постои и куќата 60 години. Веќе 2 месеци трпиме закани, јавувања и разно-разни вознемирувања од оние кои стојат зад оваа градба“, велат жителите на улицата Питу Гули на Водно кои се јавија во нашата редакција бидејќи како што велат Општината и институциите не реагираат на ова дивеење.

    Од Општина Центар велат дека фирмата „Маркиза“ не смее да гради на Водно и надлежни инспектори ќе постапат по пријавите на граѓаните.

    Во јануари годинава Деталниот урбанистички план за овој дел беше укинат од Уставниот суд.

    Градоначалникот Герасимовски неколку пати јавно кажа дека „Маркиза нема да добие пристап до плацот оти патот не може да се гради.

    На овој потег додека сум јас градоначалник нема да дозволам градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради од причини кои повеќе пати ги образложивме во јавноста. Според информациите, инвеститорот започнал активности за ископ очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не започне градежни активности во предвидениот рок по закон ја губи. Но, тоа е сѐ што може да направи, бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат, за кој како што веќе во повеќе наврати потврдив, општината нема да го гради“, рече градоначалникот Герасимовски во јануари годинава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира