Хрватскиот остров Крк од оваа сезона ќе наплаќа за туширање на плажа. Гостите кои ќе ги користат тушевите на плажите ќе треба да платат 20 центи за половина минута туширање. Наплата ќе се воведе на шест тушеви на градските плажи.
Директорот на комуналното претпријатие Данко Милохниќ објасни дека наплатата нема за цел остварување профит туку да се намали непотребната и неконтролирана потрошувачката на вода која била регистрирана последниве неколку туристички сезони.
На тушевите ќе бидат поставени уреди и секое користење ќе се евидентира кај надлежните служби.