ПРВИТЕ АВИОНИ СО ТУРИСТИ ОД ЛОНДОН И ОД МАНЧЕСТЕР СТАСАА ВО ОХРИД

    ПРВИТЕ АВИОНИ СО ТУРИСТИ ОД ЛОНДОН И ОД МАНЧЕСТЕР СТАСАА ВО ОХРИДДо 20 септември туроператорот ТУИ УК еднаш неделно ќе го поврзува Охрид со Лондон и со Манчестер (Фото: СДК.МК)

    Новите авио-линии од Велика Британија оваа сезона ќе донесат над 6.000 Британци на брегот на Охридското Езеро. На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска пристигна првите два авиона. До 20 септември, туроператорот ТУИ УК еднаш неделно, секоја среда со авиони од типот „боинг 737-800“ ќе го поврзува Охрид со Лондон (Гетвик) и со Манчестер.

    „Со воведувањето на овие чартер летови од Манчестер и од Лондон, британските туристи ќе имаат можност да ја посетат оваа неверојатна дестинација каде ќе имаат можност да го посетат стариот град, кој е на листата на УНЕСКО, да ги посетат античките локалитети, манастири, цркви и да ја искусат добрата храна и гостопримството во Охрид и локалната традиција“, изјави Неџат Курт, генерален директор на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.

    Во првите четири месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, бројот на патници во авиосообраќајот во земјава пораснал за 44 проценти.

    „Сигурен сум дека овие нови дестинации значително ќе придонесат за развој на целиот регион, за развој на авиосообраќајот, бидејки новите авиолинии значат дополнително зголемен број на туристи, развој на туризмот во Охрид и во државата и тоа е значаен чекор кон обезбедување и на економски развој на државата“, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој ги пречека првите патници.

    За туристите од Велика Британија, Охрид засега е непозната дестинација. Но, со пренесување на нивните искуства бројот на туристи се очекува да расте, смета Крис Логан извршен директор на ТУИ Ервејс Велика Британија за скијање, езера и планини.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира