ЕКО-КАМПОТ НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ НАПРАВЕН СО МИЛИОН ЕВРА ОД ЕУ СТОИ ПРАЗЕН И ЗАКЛУЧЕН, НИКОЈ НЕ ГО КОРИСТИ

    ЕКО-КАМПОТ НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ НАПРАВЕН СО МИЛИОН ЕВРА ОД ЕУ СТОИ ПРАЗЕН И ЗАКЛУЧЕН, НИКОЈ НЕ ГО КОРИСТИКампот беше направен со грант од ЕУ од милион евра. (Фото: СДК.МК)

    Еко-кампот на Езеро Младост, кој е дел од содржините на проектот „Паметно Езеро Младост“ вреден еден милион евра грант од ЕУ, две години е неискористен и стои празен. Како минува времето се уништува, бидејќи не се користи и одржува.

    Градоначалникот Марко Колев објаснува дека има интерес да се види што еко-кампот нуди, но нема повратна информација дали некој сака да го работи.

    „Засега нема решение за еко-кампот. Доаѓаат заинтересирани, ги носиме да го видат, го гледаат, но тука запира се`. Повеќе не се јавуваат, ниту дошле пак на разговори“, вели Колев.

    Проектот „Паметно Езеро Младост“ опфати десетина содржини и требаше да овозможи туристите кои се на минување по автопат Пријателство и кои одат кон Грција, да имаат понуда за да останат покрај езерото, но и да се создадат нови работни места.

    Паркот се протега на површина од 12 илјади метри квадратни, содржи седум автентични куќички со соларни панели за ноќевање. Поставена е платформа за набљудување на птици со панорамски телескоп. Неискористено или поточно заклучено е и туристичкото биро кое се наоѓа во центарот на Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира