ГРЕТА ТУНБЕРГ МАТУРИРАШЕ И ГО ОДРЖА ПОСЛЕДНИОТ УЧИЛИШТЕН ШТРАЈК ЗА КЛИМАТА

    ГРЕТА ТУНБЕРГ МАТУРИРАШЕ И ГО ОДРЖА ПОСЛЕДНИОТ УЧИЛИШТЕН ШТРАЈК ЗА КЛИМАТАТунберг имаше 15 години кога почна да протестира пред зградата на шведскиот парламент (Фото: Твитер)

    Грета Тунберг објави дека го одржала својот последен петочен училиштен штрајк за климата бидејќи матурираше, но кажа дека ќе продолжи да протестира.

    Денеска матурирав, што значи дека веќе нема да можам да ги одржувам училишните штрајкови за климата. Но, борбата само што започна“, напиша 20-годишната Швеѓанка на Твитер.

    Шведските ученици вообичаено го завршуваат средношколското образовение на 19 години, но Тунберг зеде една година пауза поради својата кампања. Носејќи знак „училиштен штрајк против климатски промени“, таа имаше 15 години кога почна да протестира пред зградата на шведскиот парламент во Стокхолм во 2018.

    Нејзиниот соло протест покрена разни движења во Европа, САД и Австралија, познати како „Петоци за иднината“ и „Училиштен штрајк за климата“, а таа стана симбол на борбата на младите луѓе за свет без фосилни горива кои ја загреваат планетата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира