ГВАРДИОЛА ГО ОДВЕДЕ МАНЧЕСТЕР СИТИ ДО ПРВИОТ ТРИУМФ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

    ГВАРДИОЛА ГО ОДВЕДЕ МАНЧЕСТЕР СИТИ ДО ПРВИОТ ТРИУМФ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕЕдинствениот погодок во финалето го постигна Родри (Фото: Гети)

    Манчестер сити конечно ги оправда повеќегодишните скапи инвестиции во својата екипа откако за првпат ја освои Лигата на шампионите, победувајќи го Интер со 1:0 во финалето во Истанбул. Проектот што Пеп Гвардиола почна да го создава пред седум години ја завршува најдобрата сезона во историјата на клубот со тројна круна, откако претходно беа освоени и Премиерлигата и ФА купот.

    На мечот без многу шанси, единствениот погодок го постигна Родри во 68. минута. Во продолжението, Фоден имаше извонредна шанса да го удвои водството на Сити и да го реши мечот предвреме, а на другата страна, Димарко погоди пречка, додека Лукаку во завршните минути не успеа одблиску да го совлада Едерсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира